SportM
Фудбал

Прекинато натпреварувањето во американската МЛС лига

Д М12 мар 2020
Прекинато натпреварувањето во американската МЛС лига

Откако коронавирусот направи хаос во Европа, во САД започна да се шири паника.

Пандемијата на коронавирус целосно блокираше некои земји и многу спортски настани се откажани низ цела Европа, а мерки за забрана се воведуваат и во Америка.

Лидерите на МЛС лига денес потврдија дека натпреварувањето во оваа лига е прекинато неколку недели и покрај тоа што новата сезона во Америка е на почеток.

Поради коронавирусот во Америка решија да ги прекинат поголемиот дел од натпреварувањата, а покрај МЛС нема да има и НБА и НХЛ натпревари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.