Премиер лига: Халанд и Кер најдобри во избор на фудбалските новинари
Д М13 мај 2023

Ерлинг Халанд од Манчестер сити е прогласен за фудбалер на годината во изборот на британското Здружение на фудбалски новинари, додека Сам Кер од Челзи ја освои наградата во женска конкуренција, објави денеска Премиер лигата.
Норвежанецот Халанд, кој постигна рекордни 71 голови во сите натпреварувања досега сезонава за Манчестер сити, ја освои наградата со 72 отсто од вкупниот број гласови што е највисок просек од почетокот на Премиер лигата.
Во женска конкуренција, австралиската репрезентативка Кер стана првата фудбалерка која ја освоила наградата две години во низа, освојувајќи двојно повеќе гласови од Рејчел Дали од Астон Вила.
Наградите на Кер и Халанд ќе им бидат врачени на пригодна свеченост на 25 мај.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



