Connect with us

Фудбал

Престојот на Салах во Анифелд е при крај, следниот трансфер ќе биде „фараонски“

Мохамед Салах би можел да го напушти „Енфилд Роуд“ по четири години. Престојот во Англија исто така беше повеќе од одличен, но веќе се разгледува ново опкружување.

„Црвените“ се многу близу до останување без Лигата на шампионите следната сезона, што е многу веројатно една од главните причини за одличниот Египќанец да го напушти Ливерпул.

„Ле Паризиен“ објави дека Салах би можел да продолжи со кариера во ПСЖ каде на 29-годишниот играч се гледа како на идеална замена за Килијан Мбапе кој е на другата страна на излезната врата.

Парижаните многу го посакуваа Лионел Меси, но бидејќи Аргентинецот е многу близу до останување во Барселона, време е да се погледнат и другите опции. Изборот се чини падна на Салах.

Францускиот весник наведува дека циклусот завршува на „Енфилд Роуд“ и оние играчи кои претходно биле недопирливи сега можат да се најдат на трансфер листата, меѓу нив и Салах.

 

Реклама

Facebook