SportM
Фудбал

Пресврт: Фенербахче ќе извиси за Али Адем- вардаровиот бисер оди во Лисабон

Д М18 јун 2019
Пресврт: Фенербахче ќе извиси за Али Адем- вардаровиот бисер оди во Лисабон

Иако пред една недела турски медиуми најавија дека веќе извесната продажба на македонскиот бисер Елиф Елмас од Фенербахче во некој од европските гиганти ќе биде заменета со еден од најталентираните фудбалери на Вардар, Али Адем по се изгледа ќе се случи пресврт во последен момент за фудбалерот за врска и тој ќе замине во Лисабон.

Турски медиуми денеска објавија дека Али Адем е на чекор да потпише за Спортинг Лисабон, каде член е поранешното вардарово дете и актуелен репрезентативен десен бек Стефан Ристовски. Според информациите на турските медиуми, менаџерот на Али Адем, Рахман Кизце за една недела ќе замине во Португалија на завршни преговори со Спортинг.

Али Адем е капитен на младинскиот тим на Вардар, кој во минатиот месец го освои Купот на Македонија, а веќе година и половина тренира и повремено игра за првиот тим на црвено-црните.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.