SportM
Фудбал

Пресврт на Сасуоло за тивко продолжение на сезоната

Д М18 јан 2020
Пресврт на Сасуоло за тивко продолжение на сезоната

Фудбалерите на Сасуоло остварија голема победа во 20-то коло од Серија А.

Сасуоло беше подобар од Торино со 2:1 на домашен терен, па со 22 поени Сасуоло може да се рече дека конечно е на мирно место, со добри шанси да го задржи статусот на прволигашот, додека со овој пораз Торино се уште е надвор од позицијата која води кон Европа.

Гостите го отворија натпреварот подобро и го презедоа водството во 20-та минута, но сепак беа поразени.

Сасуоло најпрво преку голот на Бога во 61. минута го изедначи резултатот, а потоа Берарди во 73. минута погоди за целосен пресврт.

Во Торино следува тежок натпревар со Аталанта, а и на Сасуоло нема да му биде лесно на гостувањето кај Сампдорија.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.