Connect with us

Фудбал

Пресврт на ситуацијата, Барселона смета на Суарез

Се шушкаше дека Луис Суарез ќе го напушти „Камп Ноу“ за да заврши во Јувентус. Сепак, странските медиуми пишуваат дека тренерот Роналд Куман сега смета на уругвајскиот напаѓач.

Иднината на Луис Суарез се чини дека е веќе разјаснета

Уругвајскиот напаѓач беше блиску до напуштање на „Камп Ноу“, особено кога се зборуваше за можно заминување на Лионел Меси.

За поранешниот фудбалер на Ливерпул се шпекулираше дека може да премине во Јувентус.

loading...

Сепак, странските медиуми денес пишуваат дека тренерот Роналд Куман веќе смета на уругвајскиот напаѓач.

Холандскиот тренер смета на Суарез за сезоната која штотуку започна и медиумот „Рац 1“ е сигурен во тоа.

Суарез дури може да игра од првата минута на утрешниот натпревар против Жирона, во вториот пријателски натпревар на Каталонците.

Суарез беше важен дел од Барса во последните сезони и неговото заминување беше одложено за една година.

Тој би можел да биде префрлен во САД во 2021 година.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com