Претседателот на Аргентина нема да оди на стадион да го гледа финалето против Шпанија, причината е бизарна!

Претстојното финале на Светското првенство во Њујорк, во кое ќе се соочат Аргентина и Шпанија, ќе привлече бројни светски лидери и познати личности во свечените ложи на стадионот „МетЛајф“. Сепак, меѓу нив сигурно нема да биде претседателот на Аргентина.
Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи официјално потврди дека нема да го следи финалниот натпревар во живо на стадионот, а причината што ја наведе е прилично необична за еден државник – суеверие.
Познат по својот темперамент и неконвенционални ставови, Милеј јасно порача дека не сака да ги менува победничките ритуали кои ги доведоа „гаучосите“ до самото финале.
🚨 Javier Milei 🇦🇷, le président de l'Argentine, annonce qu'il n'assistera pas à la finale de la Coupe du monde à New York… PAR SUPERSTITION ! 😅
🗣️ « Si j'irai au match ? ABSOLUMENT PAS !
Je regarderai le match dans ma résidence d'Olivos avec ma sœur, comme je le fais depuis… pic.twitter.com/6QwUuIyOng
— Actu Foot (@ActuFoot_) July 16, 2026
„Ќе одам ли на натпреварот? Апсолутно не! Натпреварот ќе го гледам во претседателската резиденција Оливос со сестра ми, токму онака како што го правам од првиот ден. Тоа е чисто суеверие“, изјави тој.
Во Аргентина, земја во која фудбалот практично е религија, суеверието и ритуалите поврзани со следењето на натпреварите се сфаќаат многу сериозно. Се верува дека победничката формула и местото од каде што се следат натпреварите не треба да се менуваат за да не се донесе лоша среќа.
Така, додека целиот свет ќе го следи спектаклот во Њујорк, аргентинскиот претседател ќе остане дома со својата сестра, надевајќи се дека верноста кон традицијата ќе му донесе на Лионел Меси и аргентинската репрезентација уште една светска титула.



