Претседателот на Виљареал не може да заборави една ситуација: Ова е скандал

Претседателот на Виљареал, Фернандо Роиг, беше многу лут на крајот од синоќешниот натпревар против Ливерпул.
Роиг беше многу горд на своите играчи кои на полувреме имаа 2:0 против Ливерпул, иако на крајот загубија со 3:2, но секако дека доаѓањето во полуфиналето на Лигата на шампионите е резултат за пофалба.
Сепак, претседателот на Жолтата подморница го погоди ситуацијата од крајот на првиот дел кога според него судијата Макелие не досуди очигледен пенал по дуелот помеѓу Ло Селс и гостинскиот голман Алисон.
“Недосудениот пенал е скандал, а овој судија не е доволно добар за ваков тип на натпревари“, изјави првиот човек на шпанскиот тим.
„Ова не служи како оправдување, но сите одлуки беа во корист на нашиот противник. Ова судење е скандалозно. Имаше многу ситници кои му одеа во прилог на Ливерпул, кој заслужено победи и нема за што да се жалат. “ додаде Роиг.
„Не сум вжештен, горд сум на нашиот тим што воопшто дојдовме овде, но судењето беше страшно“, рече тој на крајот.
Виљареал ќе биде задоволен што играше во полуфиналето на Лигата на шампионите и ќе ги исфрли гигантите како Јувентус и Баерн во една сезона, а Ливерпул го очекува финале во Париз против Реал Мадрид или Манчестер Сити подоцна овој месец, во зависност од тоа кој ќе слави вечерва по Англичаните го добија првиот натпревар со 4:3.



