SportM
Фудбал

Пристигна уште еден знак дека Марсело го напушта Реал Мадрид

Д М3 фев 2021
Пристигна уште еден знак дека Марсело го напушта Реал Мадрид

Реал Мадрид подготвува голем број промени во летниот преоден рок.

Веќе е сигурно дека капитенот Серхио Рамос може да го напушти клубот, а меѓу оние што ќе си заминат се и Иско, Лукас Васкес и Марсело.

Бразилскиот лев бек е член на Кралевите од 2006 година. Тој одигра над 500 натпревари за клубот, но не доби премногу шанси оваа сезона.

Неговото место го зазеде Ферланд Менди, а Ел Чирингито исто така најави дека искусниот лев бек ќе го напушти клубот.

Тие најавуваат дека Серхио Регуилон, 24-годишен играч на Тотенхем, кој им беше продаден од Реал во септември за 30 милиони евра, ќе се врати во Мадрид.

Мадридскиот тим ја остави опцијата да може да го откупи договорот на овој фудбалер. Наводно, тие планираат да го искористат тоа, па Регуилон и Менди следната сезона би можеле да се борат за место на позицијата лев бек.

Овој фудбалер одигра одлично на позајмица во Севиља пред да замине во Тотенхем и сега конечно може да добие шанса во Реал.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.