Connect with us

Фудбал

Пристигнаа првите прогнози за тоа колку време ќе паузира Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ постигна десет гола по воведните осум кола од Серија А и е најдобар стрелец на италијанскиот шампионат.

Ибрахимовиќ беше и двоен стрелец во големата победа на Росоњерите на гостински терен против Наполи (1:3), но крајот на мечот го дочека на клупата затоа што мораше да излезе надвор.

Швеѓанец се повреди во финишот, па Даниеле Бонера беше принуден да го замени.

Ибрахимовиќ денес беше изложен на лекарски прегледи, а утврдено е дека станува збор за повреда на бутниот мускул на левата нога. Ќе паузира минимум десет дена кога ќе го очекуваат нови прегледи.

Угледниот „Скај“ објави дека на крајот најдобриот играч на „Росоњерите“ може да паузира три до четири недели.

Така, Милан сигурно ќе биде на натпреварите против Лил, Фиорентина и Селтик без Ибрахимовиќ, а не е исклучена можноста бројот на натпревари што ќе ги пропушта да биде уште поголем.