Пристигнаа првите резултати за Фати: Колку долго Барселона ќе остане без одличниот фудбалер?
Д М7 ное 2020

Младиот фудбалер на Барселона, Ансу Фати (18) се повреди на денешниот натпревар против Бетис.
Талентираниот 18-годишник излезе на полувремето од мечот и беше заменет со Лионел Меси, за на крајот да се испостави дека го напуштил натпреварот поради повреда.
Лигаментот во левото колено на младиот фудбалер пукна, а пристигнаа и првите проценки на лекарот, д-р Ллобет за должината на паузата за Фати.
“Ако нема операција, заздравувањето трае три или четири недели. Ако треба да се оперира, тогаш ќе биде надвор од теренот помеѓу два или три месеци”, истакна Ллобет.
Ова секако е многу лоша вест за Барселона бидејќи во следниот период тие ќе играат без овој одличен фудбалер кој многу значи за нивната игра.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



