Пристигнува на Олимпико: Алегри потпиша пред договор со Рома
Д М28 јан 2021

Медиумите во Италија вечерва објавија дека Масимилијано Алегри договорил сè со Рома.
Рома покажа голем интерес за доведување на Алегри, кој беше без работа скоро две години по заминувањето од Јувентус.
„Калчомеркато“ пишува дека португалскиот стручњак Пауло Фонсека ќе остане тренер на Рома до крајот на сезоната и дека Алегри ќе го превземе кормилото на лето и ќе има шанса да го направи тимот како што посакува пред почетокот на новата сезона.
Наводно, Алегри веќе потпишал преддоговор со римскиот клуб и во Рома ќе заработува околу 4,5 милиони евра годишно.
Во преддоговорот има клаузула дека Алегри не смее да преговара со други клубови.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



