Connect with us

Фудбал

Проблем со срцето ја заврши професионалната кариера на поранешен играч на Ливерпул

Поранешниот миленик на навивачите на Ливерпул , Лукас Леива, официјално објави дека се повлекува од професионалниот фудбал на 36-годишна возраст поради проблеми со срцето.

Играчот од средниот ред низ солзи објави дека одлуката ја донел по консултација со специјалист кој верувал дека најдобро би било да не го оптоварува дополнително срцето.

“Тоа беше тежок период за мене. Не завршува како што сакав. Имав надежи дека нема да биде така, но започнува нов циклус. Здравјето е на прво место. Можам само да изразам благодарност за целата моја кариера”, изјави Леива за медиумите.

Леива започна како професионалец во Гремио, каде ја заврши својата фудбалска авантура. Бразилецот играше и за Лацио. Фудбалерот може да се пофали и со 24 настапи со тимот на Селесао во периодот 2007-2013 година.

Advertisement