Connect with us

Фудбал

Проблеми во рајот: Меси беше сменет, беше во неверување, дури не се прости од Покетино (ВИДЕО)

Првите „проблеми во рајот“ за Лионел Меси. Така, може да се опише „срамот“ што го доживеа на натпреварот против Лион.

Меси ова лето пристигна во ПСЖ, но и по третиот настап во дресот на ПСЖ не успеа да постигне гол, згора на тоа претрпе благ шок во второто полувреме.

Можеби дури и најдобриот играч на сите времиња не научил да биде изваден од игра од тренерите пред време или кога играта ќе се „расипе“, сепак, ова го доживеа вечерва.

Имено, со резултат 1:1, Маурисио Покетино одлучи да го извади Меси од игра, и да го замени со Ашраф Хакими. Кога виде дека треба да излезе голем фудбалер, се најде во неверување.

Тој се заблагодари на публиката, се поздрави со Хакми и размени само неколку зборови со Покетино кога сонародникот тргна да се поздрави.

Фотографиите од другиот агол покажуваат како Меси да се прашува зошто е сменет и не го разбира објаснувањето. Дефинитивно нешто што не го очекуваше.

Нема сомнение дека за потегот на Покетино ќе се зборува во наредните денови, но се претпоставува дека ќе најде објаснување дека Меси се уште не е доволно подготвен.

Инаку, 34-годишниот играч одигра одлично прво полувреме, дури ја погоди пречката од слободен удар, но потоа исчезна од теренот.

ПСЖ успеа да го добие натпреварот по пресврт. Длабоко во судиското надополнување, Мауро Икарди ја погоди мрежата за триумф од 2:1.

 

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама