Поврзи се со нас

Фудбал

Проблеми за Реал Мадрид, коронавирус пред клучниот дуел со Интер

Во вторник вечер Реал Мадрид на домашен терен ќе го пречека Интер во рамките од третото коло од Лигата на шампионите. „Кралевите“ имаат само еден бод, освоен против Борусија Менхенгладбах, па дуелот против Интер се чини клучен за продолжението од натпреварите од групната фаза. Со пораз се чини дека Реал може да се прости од нокаут фазата.

Дополнителни проблеми за тренерот Зинедин Зидан, како што пишува „Марка“ е тоа што се појавил фудбалер кој има коронавирус. Засега не се знае името на играчот, сите фудбалери прават дополнителни тестови, па веројатно утре ќе се знае кој е позитивен и кој нема да настапи на дуелот со Интер.

Од друга страна и Интер има слично проблеми. Поради повреда Лукаку нема да настапи, исто како и Санчез и Сенси.

Натпреварот Реал Мадрид – Интер се игра во вторник во 21 часот.

 

loading...

Facebook