SportM
Фудбал

Проблемите на Реал никако да завршат

Д М18 ное 2020
Проблемите на Реал никако да завршат

Реал Мадрид се најде во големи проблеми пред остатокот од сезоната.

Собирите на националниот тим го оставија тренерот Зинедин Зидан без двајцата стандардни стопери Рафаел Варан и Серхио Рамос.

Капитенот Рамос се повреди на натпреварот помеѓу Шпанија и Германија. Тој се пожали на повреда и го напушти теренот во 43-та минута. Се претпоставува дека ќе мора да паузира и дека ќе го пропушти мечот со Виљареал.

Од друга страна, Рафаел Варан се повреди на натпреварот помеѓу Франција и Шведска. Тој го напушти мечот на полувреме и се уште не е познато што ја предизвикало повредата.

Покрај мечот со Виљареал, обајцата се под знак прашалник за натпреварот од Лигата на шампионите против Интер следната среда, и ова е голем проблем за Зидан затоа што претходно остана без Едер Милитао.

Од почетокот на сезоната, Реал има сериозни проблеми со повредите и ќе видиме со што ќе се појави Зидан.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.