Продаваат дури 12 играчи: Неверојатен список на фудбалери кои ќе ја напуштат Барселона
Д М24 јул 2020

Тимот на Барселона одлучи да направи вистинска продажба ова лето.
Дури 12 фудбалери се ставени на трансфер-листата и нивната продажба ќе се обиде да го олесни буџетот на клубот, кој е оптоварен со високи плати.
Клубот беше принуден да продаде голем број на познати имиња, а шпанските медиуми ги објавија имињата на играчите на трансфер-листата.
Тоа се: Нето, Нелсон Семедо, Самуел Умтити, Јуниор Фирпо, Иван Ракитиќ, Артуро Видал, Усман Дембеле, Мартин Брајтвајт, Карлес Алена, Рафиња Алкантара, Жан-Клер Тодибо и Филипе Кутињо.

Некои ќе се обидат да ги заменат, како што сторија во случајот со Артур Мело, кого го разменија за Миралем Пјаниќ, но повеќето ќе се обидат да ги продадат.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



