SportM
Фудбал

Продолжува хаосот во Франција: Навивачите се судрија со полицијата, ја запалија мрежата, ги гаѓаа играчите (ФОТО)

Д М22 окт 2021
Продолжува хаосот во Франција: Навивачите се судрија со полицијата, ја запалија мрежата, ги гаѓаа играчите (ФОТО)

Натпреварот од француската Лига 1 помеѓу Сент Ентиен не ни започна.

Причината се домашните навивачи кои фрлаа факели на теренот поради лошите игри на нивниот тим.

Прочитај повеќе тука.

Тоа не беше крајот, со оглед на тоа што најжестоките навивачи на зелените почнаа пресметка со полицијата, а нередите ескалираа пред трибината на која се најголемите поддржувачи на еден од најтрофејните француски клубови. Покрај тоа, навивачите фрлаа и разни предмети кон играчите на домашната екипа.

Не е првпат навивачите во Франција да прават хаос, а Лига 1 ги казнува клубовите, но казните очигледно ништо не значат, па затоа се преземени драстични мерки за неделното дерби меѓу Марсеј и ПСЖ.

Што ќе биде со натпреварот помеѓу Сент Етиен и Анже сеуште не е познато, бидејќи мрежата пред трибината беше уништена по запалувањето на факелите, се помали се шансите натпреварот да се одигра вечерва.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.