SportM
Фудбал

Пропаст во соблекувалната: Петмина играчи јавно покажаа незадоволство од Меси

Д М22 дек 2020
Пропаст во соблекувалната: Петмина играчи јавно покажаа незадоволство од Меси

Шпанските медиуми утрово објавија дека ПСЖ и Манчестер Сити не се единствените кои покажале интерес да го донесат Лионел Меси.

Исто така, Интер покажа интерес за Меси, кој е подготвен да му понуди договор каков што има во Барселона. Клубовите се поддржани и од фактот дека на крајот на сезоната истекува договорот на Аргентинецот и дека можат да го донесат без обештетување.

Но, сигурно е дека дури и во Барселона нема да биде така лесно да се откажат од Меси. Клубот ќе добие нов претседател во јануари, а сите кандидати веќе ветија дека ќе дадат се од себе за на крајот Меси да остане во клубот.

Сепак, она што претставува дополнителен проблем за каталонскиот клуб е што другите играчи се повеќе покажуваат незадоволство од Меси и неговата ситуација.

Дијарио Гол утрово објави дека Меси нема добри односи со некои играчи и дека тие воопшто не комуницираат. Ним им пречи што тој не се однесува како вистински капетан и разговара само со оние што ги познава подолго време.

Наводно, играчите кои му се спротивставиле на Меси се Тер Штеген, Рики Пуиг, Дембеле, Умтити и Жуниор Фирпо. Тие се вознемирени што Меси не донесе одлука за статусот во Барселона, а тоа го кажаа јавно во соблекувалната, за што Аргентинецот не беше многу среќен.

Јасно е дека ситуацијата во Барселона е многу лоша и дали доаѓањето на новиот претседател ќе промени нешто што се однесува до Меси, останува да видиме.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.