SportM
Фудбал

Прошталната порака на Дибала удира во срцето на навивачите

Д М15 мај 2022
Прошталната порака на Дибала удира во срцето на навивачите

Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала, во неделата се огласи на социјалните мрежи и испрати проштална порака до базата на навивачи на најтрофејниот италијански тим.

Кон крајот на март беше објавено дека Дибала ќе го напушти Јувентус на лето по истекот на договорот, а 28-годишниот Аргентинец сега се прости од навивачите на Јувентус, иако се уште никој не знае каде има намера да ја продолжи кариерата.

Неодамна се пишуваше за негово заминување во Рома со Жозе Мурињо, а претходно се поврзуваше и со Интер, како и со неколку англиски и шпански тимови.

Тој ќе има можност за последен пат да игра пред навивачите на Јувентус во понеделник на натпреварот против Лацио.

 

„Тешко е да се најдат вистинските зборови за да те поздравам, толку години и толку емоции се вклучени, сите заедно… Мислев дека ќе бидеме уште многу години заедно, но судбината не испраќа на различни патишта. Никогаш нема да заборавам се што доживеавме, секој натпревар, секој гол. Пораснав со тебе, учев, живеев и сонував. Поминаа седум години магија, 12 трофеи и 115 гола кои никој нема да ни ги одземе. Никогаш. Ви благодарам што ме поддржувавте во тешките моменти. Им благодарам на оние кои ме следат со години: од првиот до последниот, од навивачите до луѓето кои работат во клубот, сите, тренери и соиграчи, вработени и менаџери. Носењето на овој важен дрес заедно со капитенската лента беше една од најголемите гордости во мојот живот, која се надевам дека еден ден ќе им ја покажам на моите деца и внуци. Утре ќе биде мојот последен натпревар со овој дрес, тешко е да се замисли, но тоа ќе биде моето последно збогување. Нема да биде лесно, но ќе влезам на теренот со насмевка и ќе ја кренам главата, знаејќи дека дадов се за тебе“, објави Дибала на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulo Dybala (@paulodybala)

Сега ни останува да видиме во кој клуб ќе ја продолжи кариерата овој одличен поранешен офанзивец на Палермо.

Дибала потпиша за Јуве во 2015 година со кој освои пет титули во италијанскиот шампионат, четири Купа и три Суперкупа на споменатата земја. Некогаш беше најдобар стрелец, а еднаш најдобар играч во Серија А.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.