SportM
Фудбал

Протести во Индија поради статуата на Роналдо

Д М30 дек 2021
Протести во Индија поради статуата на Роналдо

Статуата на Кристијано Роналдо предизвика контроверзии во индиската држава Гоја, каде локалното население се пожали дека наместо индиски фудбалер се слави Португалец.

Мајкл Лобо, министерот на провинциската влада, на Твитер објави дека намерата е да се промовира фудбалот и да се инспирираат младите да го играат.

Наместо тоа, ден по откривањето на статуата тешка 400 килограми, околу неа се собраа демонстранти носејќи црни знамиња, јавува индиската новинска агенција IANS.

Беа лути не само поради одлуката да му оддадат почит на странскиот фудбалер, туку и поради фактот што тој е играч на Португалија, што беше сфатено како посебна навреда бидејќи Португалија со векови владееше со Гоа како своја колонија, оставајќи ја пред само 60 години.

Во Индија, крикетот е најпопуларен спорт, иако во некои области кои не биле колонизирани од Британците, како што е Гоа, фудбалот ужива поголема популарност.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.