Connect with us

Фудбал

Прв пат игра во Лига на шампиони, на Барса и даде три голови, сега е прв стрелец (ВИДЕО)

Иако првпат во кариерата настапува во Лигата на шампиони, 29-годишниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Серху Гираси, сезонава е најдобар стрелец во елитното европско клупско натпреварување со 13 голови.

Зад него се ѕвезди како Рафиња, Роберт Левандовски (Барселона), Хари Кејн (Баерн), Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Винисиус Јуниор и Килијан Мбапе (Реал Мадрид).

Репрезентативецот на Гвинеја ја потврди својата голгетерска форма во вторникот во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампиони постигнувајќи хет-трик за победа од 3-1 против Барселона.

Роден во француски Арл, минатата сезона Гираси постигна 30 голови во дресот на Штутгарт, привлекувајќи го вниманието на раководството на Борусија Дортмунд, која за него во јули минатата година плати отштета од 18 милиони евра и потпиша четиригодишен договор.

Доаѓањето на „Вестфален“ се покажа како вистински потег за Гираси, кој во Лигата на шампиони забележа 13 голови и пет асистенции, а во досегашниот дел од сезоната во сите натпреварувања постигна вкупно 28 голови и на тоа додаде девет асистенции.