Connect with us

Фудбал

Првата одлука на Џерард на клупата на Астон Вила: Забрани играчите да користат кечап

Стивен Џерард денеска беше претставен како нов менаџер на Астон Вила.

Легендарниот фудбалер на Ливерпул ги напушти Ренџерс и дојде во Премиер лигата каде ќе се обиде да ја запре резултатската криза во која се најде тимот од Бирмингем.

Џерард веднаш воведе строги правила на однесување во тимот, па реши да им забрани на играчите да користат кечап за време на оброците во клупската менза.

„Веднаш го забранив“, рече Џерард и додаде:

„Играчите мора да имаат соодветен менталитет. Тие треба да бидат вистинските професионалци за да станат елитни играчи“, истакна Џерард.

Џерард истакна дека е во контакт со менаџерот на саканиот Ливерпул, Јирген Клоп.

„Ние сме во контакт од првиот ден. Живееме во истата област и налетав на него додека ги шетам кучињата. Тој е одличен тренер и се надевам дека ќе остане таму што е можно подолго.

Ми испрати порака и рече дека се радува на прегратка покрај теренот кога ќе се сретнеме на 11 декември. И јас едвај чекам“, изјави Џерард.

Како фудбалер, Стивен Џерард целата своја кариера ја помина во Ливерпул за кој одигра 710 натпревари.

Претходните три години 41-годишниот Џерард работеше за Ренџерс со кој се врати во врвот на шкотскиот фудбал.

Реклама

Facebook

Реклама