SportM
Други

Први медали за македонските спортисти, сребро за Вејсели и Хајдари, бронза за Магомедов

Редакција25 авг 2026
Први медали за македонските спортисти, сребро за Вејсели и Хајдари, бронза за Магомедов

Во финалето во категоријата до 97 килограми слободен стил, Хајдари беше поразен од Гркот Даурен Куруглиев со 6-0, додека Вејсели во борбата за златниот медал во категоријата до 74 килограми претрпе пораз од Ислам Дудадев од Албанија (0-4).

Во борбата за бронзениот медал во категоријата до 86 килограми Магомедов беше супериорен над домашниот борач Габриеле Николини, извојувајќи победа со технички туш (10-0).

Шанса да се закити со медал во денешната програма во боречките спортови ќе има единствената македонска натпреварувачка во борење слободен стил Вероника Консевиќ која во борба за бронзениот медал во категоријата до 57 килограми за противничка ќе ја има Милица Перовиќ од Србија.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.