Првиот тренинг на Кутињо предизвика еуфорија кај навивачите на Астон Вила: „Конечно вистински“ (ВИДЕО)

Навивачите на Астон Вила со ентузијазам ги следеа инсертите од тренингот на нивниот клуб.
Филипе Кутињо пристигна во Астон Вила како позајмен од Барселона и веќе на првиот тренинг покажа дека не е за старо железо, поради што беа воодушевени навивачите на тимот од Бирмингем.
И покрај тоа што неодамна закрепна од Ковид-19, Бразилецот се чини дека е во добра форма пред потенцијалното деби против Манчестер Јунајтед во сабота.
Иако не е целосно во форма, одличниот Бразилец со првиот тренинг ги возбуди навивачите на Вила.
Кутињо делуваше мотивирано, расфрлано, подготвено, а со неколку потези се потсети на своите најдобри денови поминати во Англија каде го носеше дресот на Ливерпул.
„Конечно вистински Кутињо“, е пораката од еден од навивачите на Вила, кој е уверен дека Бразилецот ќе биде на исто ниво и дека Барселона брзо ќе зажали што го пушти.
Тој играше во Ливерпул заедно со Стивен Џерард, а легендарниот Англичанец денес е тренер на Вила и еден од најзаслужните за доаѓањето на Кутињо.
Кутињо настапуваше и за Баерн, Еспањол, Интер и Васко де Гама, додека од 2013 до 2018 година беше член на Ливерпул за кој на 201 натпревар постигна 54 гола.
„Задоволство е да се биде овде, ова е голем клуб. Разговарав со менаџерот Џерард многу и ми кажав за клубот и моите амбиции. Многу сум среќен што сум тука и сакам само да уживам во фудбалот. Се знаеме со Стивен долго време, играв со него и сега можам да научам многу од него“, изјави Кутињо.
https://twitter.com/i/status/1481307869198929925



