SportM
Фудбал

Прво барање за заминување од „Олд Трафорд“: „Не сака повеќе да остане во клубот“

Д М10 дек 2021
Прво барање за заминување од „Олд Трафорд“: „Не сака повеќе да остане во клубот“

Францускиот фудбалер Антони Марсијал (26) изрази желба да го напушти Манчестер Јунајтед.

Марсијал е во клубот од 2015 година и веројатно го има најлошиот статус во тимот оваа сезона.

Затоа тој повеќе не сака да биде член на Црвените Ѓаволи, а неговиот агент Филип Ламболи изјави за Sky Sports дека наскоро ќе разговара со клубот за заминувањето на неговиот клиент.

“Ентони сака да го напушти клубот во јануари. Тој сака да игра и нема намера да остане тука. Наскоро ќе разговарам со клубот”, изјави Ламболи.

Марсијал на „Олд Трафорд“ пристигна од Монако за речиси 60 милиони фунти. За клубот одигра вкупно 268 натпревари и постигна 79 голови.

Сепак, Французинот очигледно е уморен од седење на клупата и силно сака да си замине по нешто повеќе од шест години во Театарот на соништата.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.