ПСЖ го искушува Арсенал со 120 милиони за големата ѕвезда Букајо Сака

ПСЖ подготвува понуда од 120 милиони евра за суперѕвездата на Арсенал, Букајо Сака, пренесува „Фихајес“. Гигантите од Лига 1 сакаат да го обноват својот напад и се насочија кон талентираниот англиски репрезентативец.
Според изданието, парижаните сакаат да се погрижат да имаат исклучителна класа напред бидејќи иднината на ѕвезденото трио на тимот Лионел Меси, Килијан Мбапе и Нејмар останува неизвесна.
Се смета дека Меси ќе го напушти „Паркот на принцовите“ ова лето, бидејќи неговиот актуелен договор истекува на крајот од сезоната и неговото име се поврзува со враќање во Барселона. Иднината на Мбапе во клубот исто така останува неизвесна бидејќи гласините околу него одбиваат да згаснат. Нејмар, од друга страна, исто така би можел да се раздели со ПСЖ по завршувањето на кампањата поради неговите проблеми со повредите.
Сака се наметна како клучен играч и за Арсенал и за Англија, откако на многу млада возраст влезе во првиот тим. Тој беше еден од главните ликови зад фантастичната сезона на „топчиите“, бидејќи тимот на Микел Артета останува во конкуренција за титулата во Премиер лигата.
Технички надареното десно крило оваа кампања придонесе со 14 гола и 11 асистенции во 43 настапи во сите натпреварувања. Тој има само 21 година и досега има 174 настапи за Арсенал, а исто така одигра 26 пати за репрезентацијата на Англија.



