SportM
Фудбал

ПСЖ гради моќен тим, Донарума следната сезона ќе го гледаме во Париз

Д М8 јун 2021
ПСЖ гради моќен тим, Донарума следната сезона ќе го гледаме во Париз

Џанлуиџи Донарума (22) ќе стане новиот голман на француски ПСЖ.

Истакнатиот италијански новинар Фабрицио Романо вечерва објави дека ПСЖ е многу близу до потписот со Донарума.

Според него, клубот од Париз прави се за да се заврши работата што е можно побрзо и веќе се закажани лекарски прегледи во таборот на италијанската репрезентација.

Донарума ќе дојде во ПСЖ како слободен агент, и тој ќе стане второто засилување на клубот по Вајналдум.

Италијанскиот чувар на мрежата ќе потпише петгодишен договор вреден 12 милиони евра по сезона.

Донарума целата своја кариера ја помина во Милан. Тој застана меѓу стативите на 16-годишна возраст и од тој момент не ја испушти позицијата прв голман.

За Милан одигра вкупно 251 натпревар, од кои 215 во Серија А.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.