SportM
Фудбал

ПСЖ и Интер постигнаа договор, Икарди останува во Париз

Д М26 мај 2020
ПСЖ и Интер постигнаа договор, Икарди останува во Париз

Мауро Икарди ќе стане официјален играч на францускиот шампион.

Икарди оваа сезона играше за ПСЖ како играч на позајмица од Интер, а сега клубовите конечно успеаја да се договорат и Аргентинецот ќе ја продолжи својата авантура во француската престолнина.

Според „ЕСПН“, парижаните скоро се договориле за деталите со клубот од Милано. Износот на трансакцијата, според изворот, треба да биде околу 60 милиони евра, што е за 10 милиони помалку од она што претходно го бараше Интер.

27-годишниот напаѓач постигна 20 голови и четири асистенции на 31 натпревар во сите натпреварувања за ПСЖ.

Покрај ПСЖ, Челзи се обиде да го купи, но се чини дека францускиот шампион на крајот беше поспецифичен.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.