ПСЖ инсистира за Сузуки, не се предава ниту Јувентус

ПСЖ продолжува со обидите да го доведе голманот на Парма, Јапонецот Зион Сузуки. Според „Скај Спорт“, преговорите меѓу францускиот клуб и Парма продолжуваат, иако страните сè уште немаат постигнато договор.
Во трката останува и Јувентус, кој високо го цени јапонскиот голман. Бело-црните внимателно ги следат развојните настани во преговорите и не се исклучува можноста, ако ПСЖ го купи Сузуки, да го позајмат подоцна. Ова е слична формула како и веќе реализираниот договор за Рандал Коло Муани.
Сепак, Јувентус најпрво мора да го причека завршувањето на преговорите меѓу ПСЖ и Парма. Ако трансферот на Сузуки кај француските шампиони пропадне, „Старата дама“ ќе има слободен пат за да се обиде да го купи. Во случај договорот да се реализира, позајмицата во Торино може да му понуди на голманот повеќе простор за играње отколку што би имал во тимот предводен од Луис Енрике. Сè ќе зависи и од одлуките на шпанскиот тренер за иднината на Лукас Шевалје.
Во меѓувреме, Јувентус го држи подготвен и планот Б. Главната алтернатива е Гиљермо Вакарио, кој веќе не се смета за неприкосновен стартер во Тотенхем. Тој сака да се врати во Италија и претходно работел со Луцијано Спалети во репрезентацијата. Сепак, поради возраста и други фактори, тој останува зад Сузуки на листата на претпочитувања на бело-црните.



