SportM
Фудбал

ПСЖ ја постави цената за Мбапе: Рекордот паѓа и тоа речиси дупло!

Д М11 окт 2022
ПСЖ ја постави цената за Мбапе: Рекордот паѓа и тоа речиси дупло!

Главната спортска вест во светските медиуми денеска е дека Мбапе им порачал на челниците на ПСЖ дека сака да го напушти клубот.

Францускиот интернационалец сака да го напушти ПСЖ веќе во јануарскиот преоден рок, иако само летово го продолжи договорот до 2025 година со бројни поволности.

Очигледно покрај двоецот Нејмар-Меси, Мбапе се чини дека е запоставен од раководството, што многу му пречи, со оглед на тоа што добил уверување дека и самиот ќе има многу поголем авторитет во клубот.

 

Марка тврди дека Мбапе побарал веднаш да си замине во јули кога сфатил дека Нејмар нема да биде продаден, што било негова желба.

Шпански „Спорт“ сега објавува дека ПСЖ и одредил цена на својата голема ѕвезда, а таа изнесува неверојатни 400 милиони евра.

За потсетување, рекорден трансфер досега е оној на Нејмар од Барселона во ПСЖ кога францускиот тим за Шпанецот му плати вкупно 222 милиони евра за услугите на Бразилецот.

Мбапе е член на ПСЖ од 2017 година кога пристигна од Монако, а со овој тим досега пет пати го освои францускиот шампионат, два Купа на Франција и три Суперкупа, додека Лигата на шампионите останува неостварен сон за него и за ПСЖ. .

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.