SportM
Фудбал

ПСЖ му нуди договор на Серхио Рамос кој едноставно не се одбива

Д М17 ное 2020
ПСЖ му нуди договор на Серхио Рамос кој едноставно не се одбива

Серхио Рамос би можел да го напушти Реал Мадрид, а капитенот на „Кралевите“ во моментов најмногу го сака ПСЖ.

Богатиот француски клуб е подготвен да му понуди силен договор на Шпанецот, кому Реал не планира да ја продолжи соработката, барем не според условите што ги бара еден од најдобрите стопери во светот.

Реал му нуди едногодишен договор бидејќи има над 30 години, а бидејќи неговиот сегашен истекува на крајот на сезоната, разделбата по толку години е се поизвесна.

И додека Реал дава едногодишен договор со 12 милиони евра по сезона, ПСЖ наводно му понудил на Рамос тригодишен договор со 20 милиони евра или 60 милиони евра за три сезони.

Тоа е многу примамлива бројка, па останува да видиме дали Рамос конечно ќе се согласи на тоа и ќе почека да истече неговиот сегашен договор со шпанскиот гигант.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.