ПСЖ му приреди катастрофа на Интер, со пет гола до прв пехар во ЛШ (ВИДЕО)
Редакција31 мај 2025

Каков само меч одигра ПСЖ за прв свој пехат во ЛШ. Го победија Интер со 5:0 во финалето, во кое може слободно да се каже дека само еден тим играше. Интер како да не постоеше, а ПСЖ го одигра можеби најдобриот свој меч. Почна Хакими во 12-та, продолжи Дуе во 20-та. Во вториот дел нова фуриозна игра на Французите, Дуе со втор гол, па Кварацхелија, на крајот Маулу за 5:0. Ова секако е голем историски успех за ПСЖ, а катастрофа на Интер кој до пред месец и половина се бореше за пехар на три фронта, а сега остана со празни раце. ПСЖ од друга страна сезонава освои триплета, шампион на Франција, домашен Куп и ЛШ.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



