ПСЖ не престанува да провоцира: Покрај Меси, тие сакаат уште еден играч на Барселона

Во последно време многу се зборуваше за тоа дали Лионел Меси ќе остане во Барселона или ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.
Меси ова лето побара раскин на договорот, но клубот не одобри. Неговиот договор истекува на крајот на оваа сезона, а Аргентинецот рече дека ќе ја соопшти својата одлука на лето.
Но, она што ги нервира членовите и навивачите на Барселона е трикот што го користи ПСЖ. Во осминафиналето од Лигата на шампионите играа Барселона и ПСЖ, и се чини дека парижаните се обидуваат да ја разнишаат атмосферата во тимот на Барса со јавни настапи и приказни дека го сакаат Меси.
Сепак, Мундо Депортиво утрово објави дека спортскиот директор на францускиот клуб Леонардо не застанал тука.
Леонардо сака што побрзо да стапи во контакт со претставниците на Меси, но тој не е единствениот играч на Барселона што го сакаат парижаните. Наводно цел на ПСЖ е и Жорди Алба, кој има одлична соработка со Меси на теренот.
Но, дали ова се само обиди на ПСЖ да ја наруши атмосферата во Барселона пред нивниот дуел, ќе се знае наскоро.



