ПСЖ не сака да му понуди нов договор на Тухел
Д М18 дек 2020

Актуелниот договор на германскиот стручњак со парискиот клуб важи до летото следната година, а тоа треба да биде крај на нивната соработка.
Раководството на ПСЖ не планира да го задржи Тухел и нема да му понуди нов договор, пренесува ЕСПН.
Според истиот извор, ПСЖ сака да го смени целиот стручен штаб и Масимилијано Алегри и Маурисио Покетино се сметаат за најголеми кандидати за замена на Тухел.
Раководството на ПСЖ е незадоволно што моменталната игра на тимот зависи целосно од Нејмар и Килијан Мбапе, па тие започнаа да планираат промени.
Претходно беше објавено дека самиот Томас Тухел нема намера да остане во Париз, за да не прифати евентуален предлог за продолжување на соработката.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



