SportM
Фудбал

ПСЖ не штеди пари, купи тренер за 10 милиони евра

Д М25 јун 2022
ПСЖ не штеди пари, купи тренер за 10 милиони евра

ПСЖ избра нов тренер, одлучувајќи за човек кој нема премногу меѓународно искуство.

„Ле Паризиен“ објави дека прашање на време е кога Кристоф Галтие и официјално ќе биде претставен како нов тренер на ПСЖ.

Актуелниот шампион во Лига 1 постигна договор со 55-годишниот стручњак кој минатата сезона седеше на клупата на Ница.

Освен ако нема изненадување, Галтие треба да ги повика ѕвездите на ПСЖ во понеделник.

Тренер кој нема премногу меѓународно искуство ќе биде купен за цифра од 10 милиони евра, што е сè само не занемарлива сума, особено за тренерот.

Галтие направи чуда во Франција со Лил пред неколку сезони кога со овој тим ја освои шампионската титула, но прашање е колку е способен за најголеми достигнувања, т.е. Лигата на шампионите, бидејќи нема големо искуство во тоа натпреварување.

Во меѓувреме е постигнат договор за раскинување на соработката со Маурисио Покетино, а според некои информации, Аргентинецот ќе добие 15 милиони евра за да го напушти Паркот на принцовите.

Паралелно со смената на тренерот во ПСЖ, во последните денови работите се забрзаа околу трансферите кои доаѓаат, па наскоро се очекуваат и потписите на Витиња, Ренато Санчез и Скриниар.

Проблемот е трансферот во заминување бидејќи многу од играчите кои се вишок се уште не заминуваат што е разбирливо бидејќи тешко можат да добијат услови како што е случајот на Паркот на принцовите.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.