Connect with us

Фудбал

ПСЖ никогаш не бил толку лош, Покетино загуби 22,86% од натпреваритe

ПСЖ синоќа не успеа да го освои францускиот Суперкуп.

На натпреварот кој се играше во тел Авив, ПСЖ загуби со минимални 1:0 од Лил.

ПСЖ со ммоменталниот тренер Маурисио Покетино го има најлошиот резултат во последните десет години.

Тимот предводен од Маурисио Покетино загуби 22,86% од натпреварите, односно 8 од 35.

Во сезоната 2011/12, ПСЖ беше купен од катарскиот фонд за спортски инвестиции.

Најдобар резултат ПСЖ во ерата на Катарците има тренерот Чоран Блан – 9,25%  загубени натпревари.

Следни на листата се Унаи Емери (10,53%), Карло Анчелоти (11,69%), Томас Тухел (14,96%) и Антоан Комбуаре (21,43%).

Facebook