SportM
Фудбал

ПСЖ подготви голема понуда, но Интер не го испушта така лесно еден од најдобрите играчи

Д М5 окт 2022
ПСЖ подготви голема понуда, но Интер не го испушта така лесно еден од најдобрите играчи

Интер синоќа во одлична партија оствари минимална победа против Барселона во 3.коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Шкриниар одигра одличен натпревар за домашниот тим, а гласините за неговата судбина повторно почнаа.

Имено, ПСЖ е упорен во намерата да го доведе Скриниар веќе во јануари откако тоа не им успеа во последниот преоден рок.

 

Од друга страна, Интер одбива да го продаде еден од најдобрите играчи во тимот и е подготвен да направи се за да го задржи во тимот.

Веќе е закажан состанок на челниците на Интер и претставниците на Шкриниар на кој ќе присуствува и самиот фудбалер, а тоа го потврди и угледниот новинар Ди Марцио.

“Интер ќе се сретне со агентот на Скриниар следната недела за повторно да разговара за неговото останување во клубот. Нема да биде лесно. Советот беше подготвен да го продолжи договорот, но потоа се појави ПСЖ со нивната понуда. Интер ќе мора да ризикува и понуди многу повисоки услови за да го задржи во тимот“, напиша Ди Марцио.

 

Сигурно е дека Интер тешко ќе ја израмни понудата на ПСЖ кој има многу повеќе пари, но за некои фудбалери парите не се се во животот.

Навивачите на клубот за кој моментално настапува го сакаат Скриниар и знаат дека тој е еден од најважните во тимот, па тешко би го преболеле неговото заминување.

Сепак, јасно е дека одлуката ќе биде само негова, бидејќи на маса има две понуди, кои секако се на Интер и на ПСЖ.

На крајот останува да го почекаме исходот од средбата која ќе се одржи следната недела за да знаеме каде ќе ја продолжи кариерата овој одличен фудбалер.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.