Connect with us

Фудбал

ПСЖ подготвува неверојатна понуда за Мбапе

ПСЖ не се откажува од Килијан Мбапе.

Иако Мбапе на лето станува слободен и веќе е во преговори со Реал Мадрид, парижаните имаат своја сметка.

Француските медиуми пренесуваат дека ПСЖ подготвил двегодишен договор за Мбапе, според кој тој ќе стане најплатениот играч во светот.

Доколку реши да замине во Мадрид, Мбапе би го добил најголемиот договор во историјата на фудбалот.

Да потсетиме, Мбапе пристигна во ПСЖ од Монако во летото 2017 година и четири пати беше француски шампион со парижаните, но следен предизвик е Лигата на шампионите во која стигна до финалето каде во 2020 година беа поразени од Баерн Минхен.

Сезонава постигна 18 гола на 26 натпревари и им подели 15 асистенции на соиграчите.

Реклама

Facebook

Реклама