SportM
Фудбал

ПСЖ повторно се обиде да ја прободе Барселона во грбот и потоа доби „шлаканица“ од Депај

Д М20 јун 2021
ПСЖ повторно се обиде да ја прободе Барселона во грбот и потоа доби „шлаканица“ од Депај

Барселона вчера потврди дека Мемфис Депај е новиот играч на каталонскиот клуб.

Холанѓанецот пристигна во Барселона како слободен агент откако му истече договорот со Лион и тој реши да ја прифати понудата на Жоан Лапорта.

Депај пред неколку дена успешно беше подложен на лекарски прегледи, а потоа го турна договорот за две сезони. Многумина очекуваа дека договорот ќе биде нешто подолг, но на крајот успеаја да го натераат Депај да потпише двегодишен договор.

За неговото доаѓање се шпекулираше со месеци бидејќи Депај беше и минатото лето на чекор од Барса. Но, тогаш Каталонците решија да не плаќаат отштета на Лион и чекаа да му истече договорот за да може да пристигне бесплатно.

Барселона го имаше истиот план со Георгини Вајналдум, кој беше на чекор од доаѓање на „Камп Ноу“, но во последен момент се предомисли откако ПСЖ му понуди подобар финансиски договор.

Шпанските медиуми денес објавија дека Парижаните се обиделе да го уништат бизнисот на Барселона што се однесува до Депај, но сега не успеаја во тоа.

Имено, ПСЖ го контактирал Депај и му понудил подобри услови да дојде во „Паркот на принцовите“, но на нивно изненадување, Холанѓанецот се заблагодари за понудата и реши да ја одбие.

Депај покажа дека парите не му се во прв план и реши да го испочитува зборот што му го даде на Роналд Куман пред неколку месеци. Куман сигурно беше клучен играч во преговорите, и на крајот го убеди Депај да дојде во Барса.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.