SportM
Фудбал

ПСЖ ризикува да загуби пет играчи следното лето

Д М1 ное 2019
ПСЖ ризикува да загуби пет играчи следното лето

ПСЖ ризикува да загуби некои играчи следното лето. Нив договорот со францускиот гигант им истекува наскоро и засега нема никаков потег за негово евентуално продолжување

ПСЖ ризикува да загуби некои од неговите најважни играчи следното лето.

Фудбалерите како Единсон Кавани, Jулијан Дракслер, Томас Муние, Ерик-Максим Чупо-Мотинг и Лејвин Курзава имаат договори со важност до 2020 година и досега немаше никаков потег за евентуално продолжување на нивните договори.

Затоа, петте играчи на истекот на договорот би можеле да заминат како слободни агенти следното лето, доколку потпишат преддоговор со друг клуб заклучно со јануари 2020 година.

Кавани, наводно, ќе ја продолжи кариерата во првенството на САД или евентоално во Италија, додека Меуние најверојатно ќе продолжи во Јувентус, евентуално заедно со Дракслер би можеле да играат во Премиер лигата.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.