SportM
Фудбал

ПСЖ сака на крајот од заемот да го купи Икарди

Д М29 окт 2019
ПСЖ сака на крајот од заемот да го купи Икарди

Аргентинскиот напаѓач ги убеди челниците на францускиот клуб со своите фантастични настапи и сега ПСЖ на крајот ќе се обиде да го откупи играчот на Интер, кој моментално е на заем во ПСЖ.

Аргентинскиот напаѓач беше позајмен од Интер од францускиот клуб во текот на летото, а парижаните планираат да го купат по само два месеци заем.

26-годишниот играч постигна 7 гола на седум натпревари со францускиот клуб и ПСЖ на него гледа како долгорочна инвестиција.

Според француските и италијанските медиуми, ПСЖ може да го купи поранешниот играч на Сампдорија за 70 милиони евра.

Икарди има договор со Интер, но лесно може да се случи Нероаѕурите да го продадат нивниот проблематичен напаѓач.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.