SportM
Фудбал

ПСЖ за Роналдо подготви понуда што Јувентус тешко ќе ја одбие

Д М23 ное 2019
ПСЖ за Роналдо подготви понуда што Јувентус тешко ќе ја одбие

Јувентус моментално игра против Аталанта, натпревар од 13. коло на италијанската Серија А.

Старата дама во Бергамо пристигна ослабена откако Маурицио Сари реши дека Кристијано Роналдо нема да биде во конкуренција за овој натпревар. Се започна од последното коло кога Сари го извади Роналдо од игра во 55. минута, а на Португалецот не му се допадна тоа.

Роналдо за време на репрезентативната паузатаиграше за Португалија и не покажа проблеми, од типот на повреди, како што тврдат од Јувентус. Сепак, Роналдо овој пат не сакаше да прави проблем, и рече дека е фокусиран на закрепнување и затоа не патувал во Бергамо.

Сепак, италијанските медиуми сметаат дека Роналдо не е во најдобри односи со Сари и тоа се докажа уште еднаш. Наводно, Португалецот сигурно ќе го напушти Јувентус на крајот на сезоната, освен ако тоа не се промени.

Веќе некое време се шпекулира дека Роналдо би можел да се врати во Манчестер Јунајтед, а ПСЖ наводно покажал интерес за него. Како што пишува „Л’Екипе“, ПСЖ летово ќе тргне по Роналдо.

Иако тој ќе има 35 години, во Париз велат дека не е грешка што сакаат да платат дури 100 милиони евра. Таа понуда Јуве сигурно тешко ќе ја обдие.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.