Пу, пу не важи, остануваш-заминуваш: По само неколку часа два пати доби отказ, Тунис го промовираше новиот селектор!
Редакција16 јун 2026

Хаос со селекцијата на Тунис. Откако по само еден меч му дадоа отказ на селекторот Сабри Ламуши, вчера попладне челниците на федерацијата се предомислија. Му рекоа дека ќе остане на клупата на репрезентацијата. Но, денеска нов ден, нова приказна. Ламуши сепак доби отказ, а на негово место е назначен Ерв Ренар. Последен тим на Ренар беше селекцијата на Саудиска Арабија, а претходно ги предводеше женската репрезентација на Франција, Мароко, и уште неколку селекции на африканските земји.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



