SportM
Фудбал

Пукна во самиот врв на ФИФА-Тоа е проект на еден човек! Жесток напад врз Инфантино!

Редакција31 јул 2026
Пукна во самиот врв на ФИФА-Тоа е проект на еден човек! Жесток напад врз Инфантино!

Оперативниот директор на ФИФА, Кевин Ламур, остро го критикуваше претседателот Џани Инфантино, обвинувајќи го дека ги довел во заблуда вработените околу планот за продажба на удел во натпреварувањата на ФИФА на приватни инвеститори.

Ламур порача дека проектот не смее да биде реализиран и истакна дека вработените заслужуваат поголема транспарентност. Тој не поднесе оставка, но изјави дека е подготвен да ја загуби функцијата поради своите ставови.

Претходно оставка поднесе и високиот советник на ФИФА, Карлос Кордеиро, кој го оцени предлогот како „лош договор за фудбалот“.

Според планот на Инфантино, треба да се формира нова компанија вредна 20 милијарди долари, во која приватни инвеститори би поседувале 20 проценти од акциите и би управувале со најголемите натпреварувања на ФИФА, вклучувајќи ги Светското првенство и Светското клупско првенство.

Предлогот веќе е отфрлен од УЕФА, КОНКАКАФ и Азиската фудбалска конфедерација.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.