Connect with us

Фудбал

Работнички донесе играч кој освоил шампионски титули во три држави!

Валон Ахмеди (30) е најново засилување на ФК Работнички и доаѓа како слободен агент. Ахмеди е офанзивен играч за врска, кој може да игра и на крилните позиции. Во кариерата има настапувано за Судтирол, Целје, Марибор, Кирјан Шмона, Интер Запрешиќ, Шкендија, Шахтер Солигорск. Има три шампионски титули во три земји, Белорусија, Словенија и Македонија. Освојувал и куп пехари. Има искуство со настапи во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.