SportM
Фудбал

Работнички ги промовира двете засилувања

Д М25 јун 2022
Работнички ги промовира двете засилувања

Работнички потпиша договор со фудбалерот за врска Иво Јанакиевски. Тој доаѓа од ФК Скопје и ќе го засили тимот на Љупчо Марковски во претстојната сезона. Треба да претставува одлична аквизиција за офанзивниот дел од составот.

 

Јанакиевски имаше одлична сезона во дресот на ФК Скопје, а претходно во кариерата има настапувано и за Македонија ЃП, Борец, Љубанци, Тиквеш, Металург, Тетекс, Силекс и за Скопје.

 

Иво Јанакиевски од самиот старт се приклучи на подготовките на Работнички.

Филип Бошковски е ново засилување за Работнички. Тој доаѓа од Пелистер и ќе ја засили конкуренцијата во одбраната на тимот на Љупчо Марковски.

 

Бошковски е лев бек, но по потреба може да одговори и на десната странична позиција. Тој има 21 година и досегашниот тек од кариерата го мина во редовите на Пелистер.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.