Работнички и Јовановски спогодбено ја прекинаа соработката
Д М8 окт 2018

Фудбалскиот клуб Работнички денеска остана без тренер откако спогодбено го раскинаа договорот со искусниот Ѓоре Јовановски. Согласно резултатите на почетокот на сезоната кои се под очекувањата, клубот се одлучи за прекин на соработката со досегашниот тренер.
„Имавме разговор со тренерот Јовановски и се договоривме спогодбено да ја прекинеме соработката. Во фудбалот резултатите ги диктираат работите, а во моментов тие не се поклопуваат со нашите амбиции. Би сакал да му се заблагодарам на Јовановски за соработката. Работеше вредно и напорно секој ден и му посакуваме се најдобро понатаму“, изјави претседателот на Работнички, Драган Поповски.
Извор: ТВ21
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



