Работнички и Тиквеш ќе играат меч во чест на Андреј Лазаров кој загина во пожарот во дискотеката Пулс
Редакција17 мар 2026

Поранешните клубови на трагично загинатиот Андреј Лазаров во несреќата во дискотеката во Кочани, Работнички и Тиквеш ќе одиграат натпревар во негова чест. Двата клуба потврдија дека ќе одиграат пријателски дуел, кој е закажан за 29.март во Кавадарци, со почеток во 13 часот.
Натпреварот ќе има симболично значење и ќе биде посветен на споменот на Лазаров, кој остави белег во македонскиот фудбал.
Во моментот на трагедијата Лазаров беше фудбалер на Шкупи, а во својата кариера настапуваше за Работнички и Тиквеш, а имаше и интернационална кариера во Хрватска, екипите на Рудеш и Горица.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



