Радои: Посебно треба да внимаваме на Елмас и Барди и нивната сила
Д М7 сеп 2021

Македонија утре ќе ја пречека Романија во Скопје.
Романците денеска пристигнаа во Скопје, а Радои даде свое видување за престојниот натпревар, против Македонија во рамки на квалификациите за СП 2022 година.
Романскиот селектор посочи дека треба посебно да внимаваат на силата на Елмас и Барди.
„Имам пофалби за новиот тренер, посебно за играчите кои се далеку поспремни и побрзи во однос на играта што се случуваше во Букурешт. Исто така, многу се зема предвид тоа што се оди на нов начин на игра. Посебно треба да внимаваме на Елмас и Барди и нивната сила, која новиот тренер им ја дава на сите играчи. Тимот се става пред поединците, тоа е важно“, изјави Радои.
Натпреварот се игра утре (среда) со почеток во 20:45.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



